Личен Простор
Последно ажурирано: 14.9.2026
Со создавање сметка на оваа платформа се согласувате со условите наведени подолу. Ве молиме прочитајте ги пред да се регистрирате.
Платформата ја обезбедува Центар за применета психологија Личен Простор Скопје.
Оваа платформа не е наменета за итни состојби и не се следи во реално време.
Пораките, барањата за термин и белешките испратени преку платформата ги прегледува терапевтот во текот на работното време. Не очекувајте одговор веднаш.
Доколку вие или лице во ваша близина сте во непосредна опасност, обратете се на:
или отидете во најблиската установа за итна помош.
Платформата служи за закажување, менување и следење термини кај терапевт, како и за чување документи поврзани со вашето лекување.
Платформата не претставува медицинска или психолошка услуга сама по себе, не дава дијагноза и не заменува непосреден контакт со стручно лице. Терапијата се одвива на закажаните сесии, не преку платформата.
При регистрација сте должни да наведете точни податоци, вклучувајќи име, адреса на е-пошта и телефонски број. Терминот и потсетниците се испраќаат на наведените контакти, па неточен податок значи пропуштено известување.
Сметката е лична. Не ја отстапувајте на друго лице и чувајте ја лозинката во тајност. Доколку се сомневате дека некој друг има пристап, известете нè веднаш.
Сметка за лице под 18 години создава и управува родител или законски старател. Регистрацијата значи потврда дека сте родител или старател и дека давате согласност за обработка на податоците на детето.
Родителот или старателот:
Обемот во кој малолетното лице самото учествува во одлуките за својот третман се определува согласно прописите за правата на пациентите и професионалната процена на терапевтот. Детали за тоа како се постапува со податоците на малолетни лица се наведени во Политиката за приватност.
Термин можете да закажете директно на слободен термин или со испраќање барање што терапевтот го прифаќа, одбива или предлага друго време.
Кога терапевтот предложи ново време за веќе потврден термин, потребно е да го прифатите за да биде повторно потврден.
Важно: доколку откажете предложено ново време, се откажува целиот термин, вклучувајќи го и првично договореното. Во тој случај закажете нов термин.
Откажување е можно преку платформата во секое време, но за откажување помалку од 48 часа пред почетокот важи точка 6.
Термин откажан помалку од 48 часа пред закажаното време, како и термин на кој не сте се појавиле, подлежи на надоместок во висина од 50% од цената на сесијата според важечкиот ценовник на ординацијата.
Недоаѓање се евидентира кога сесијата не е започната ниту 20 минути по закажаното време.
Надоместокот не се наплатува преку платформата. Платформата ве известува по е-пошта и ја води евиденцијата; износот се подмирува во ординацијата при следната посета.
Надоместок не се пресметува кога терминот го откажува терапевтот.
Пријавата на листа на чекање не резервира термин. Кога ќе се ослободи место, известување добиваат сите пријавени истовремено и терминот му припаѓа на оној што прв ќе го закаже.
Онлајн сесиите се одвиваат преку WhatsApp — услуга на трето лице, за која важат нејзините услови и политика за приватност. Потребно е сами да обезбедите инсталирана апликација и стабилна врска.
Не одговараме за прекини предизвикани од интернет-врската, уредот или самата апликација.
Можете да поставувате документи поврзани со вашето лекување. Не поставувајте содржини што не се однесуваат на терапијата, ниту документи на трети лица без нивна согласност.
Се трудиме платформата да биде достапна непрекинато, но не гарантираме работа без прекини. Можни се краткотрајни прекини заради одржување или причини надвор од наша контрола. Во такви случаи термините остануваат важечки — за потврда контактирајте нè директно.
Сметката можете да ја затворите во секое време со барање на contact@lichenprostor.com. Затворањето не ја укинува обврската за подмирување евидентирани надоместоци, ниту нашата законска обврска да ја чуваме медицинската документација во пропишаните рокови.
Задржуваме право да ја затвориме сметка при повторена злоупотреба на платформата.
Условите можат да се менуваат. Измените се објавуваат на оваа страница со нов датум, а за значајните ќе бидете известени по е-пошта.
За овие услови се применува правото на Република Северна Македонија. Споровите се решаваат спогодбено, а доколку тоа не е можно — пред надлежниот суд во Скопје.