Личен Простор

Простор за вас, вашите мисли и вашиот раст.

За нас

Простор за разбирање, промена и личен раст

Топло осветлена просторија за терапија со фотелја, софа, растенија и полица со книги

Понекогаш, најважниот чекор е да си дозволиме да застанеме, да се слушнеме себеси и да побараме поддршка.

Животот носи различни предизвици – моменти на несигурност, емоционални тешкотии, нарушени односи, загуби и промени со кои не е секогаш лесно да се справиме сами. Понекогаш чувствуваме дека сме заглавени во истите обрасци, дека нè преплавуваат емоциите или дека ни е потребно подобро разбирање на себеси и на сопствените потреби.

Психотерапијата нуди безбеден и доверлив простор во кој можете слободно да ги истражувате своите мисли, чувства и искуства, без страв од осудување. Преку разговор, разбирање и заедничка работа, се отвора можност за препознавање на личните ресурси, надминување на тешкотиите и создавање промени што водат кон поквалитетен и поисполнет живот.

Нашата цел е да создадеме простор во кој ќе се чувствувате слушнати, разбрани и прифатени.

За психологот

М-р Марија Стефанова

М-р Марија Стефанова, психолог и психотерапевт во Скопје

Психолог, психотерапевт, м-р по Клиничка и Советодавна психологија

Во мојата секојдневна работа имам огромен предизвик да помагам во прифаќање, соочување и справување со проблемите на моите клиенти. Во долгогодишната пракса се сретнувам со луѓе кои сакаат да се менуваат, сакаат да го осознаат својот потенцијал кој можеби е скриен или потиснат. Најголема возбуда имам кога моите насочувања во патот кон промената им овозможуваат на моите клиенти да погледнат со поинакви очи и да изнајдат нов начин на реагирање и однесување, кој им носи задоволство и олеснување. Секогаш на поинаков начин успевам да ги мотивирам моите клиенти и токму поради тоа мојата работа е многу креативна, а јас со задоволство ја работам.

Услуги

Поддршка за секој чекор.

Индивидуална психотерапија

Безбеден и доверлив простор каде, со поддршка на психотерапевт, подобро ги разбирате своите мисли, чувства и однесувања. Ќе научите полесно да се справувате со стресот и емоционалните тешкотии, да ги надминете личните предизвици и да живеете поисполнето.

Партнерско советување

За парови кои сакаат подобра комуникација и повеќе разбирање во врската. Заедно учите отворено да ги изразувате своите потреби и чувства и конструктивно да ги решавате конфликтите. Резултатот е поблиска и постабилна врска, изградена врз доверба и почит.

Советување на родители

Поддршка за родители кои сакаат подобро да ги разберат потребите и емоциите на своето дете. Ќе научите како да поставувате здрави граници, да комуницирате поефикасно и полесно да се справувате со воспитните предизвици. Така градите сигурна и топла семејна средина во која детето може здраво да расте.

Психодијагностика

Стручна процена на емоционалната и когнитивната состојба, како основа за понатамошна поддршка.

Професионална ориентација

Помош при изборот на образование и професија што навистина ви одговара. Преку разговор и психолошки тестови ги откриваме вашите интереси, способности и силни страни. Така донесувате информирана одлука за насока во која можете да успеете и да се чувствувате исполнето.

Прва посета

Што да очекувате

1

Закажете термин

Изберете термин што ви одговара директно преку календарот, во живо или онлајн.

2

Запознавање и градење доверба

На првата сесија, нај значајно е остварување на добар контакт, заснован на доверба, почитување и разбирање.

3

Заедничко разбирање на вашите потреби

Преку разговор ќе почнеме да ги согледуваме темите што се важни за вас и да ги дефинираме целите на терапевтскиот процес.